ПАКЕТИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА СЕ ВИСТИНСКИ ИЗБОР Сѐ во едно за пониска цена и уште поголеми поволности

138

За секој што поседува платежна сметка во денари и во девизи, користи мБанка и Интернет банка, поседува дебитни и кредитни картички, сака да плаќа со Google Pay и Garmin Pay или на рати без камата со дебитните картички, има потреба од дозволено пречекорување и, најважно од сѐ, сака да има целосна контрола на своите лични финансии, КБ пакетите се вистинскиот избор.

– Добиј повеќе поволности, а плати помалку со новите КБ пакети на Комерцијална банка. Сѐ што им треба на твоите лични финансии сега доаѓа и во еден пакет, со кој добиваш бројни банкарски услуги по пониски цени од редовните. Избери КБ Стандард, КБ Плус или КБ Бонус, зависно од твоите потреби, и уживај во современото банкарство на Комерцијална банка, кое значи ефикасно, брзо и едноставно завршена работа. КБ пакетот го користиш секој ден а го плаќаш еднаш месечно, и тоа во симболичен износ – велат од Банката.






Пакетите се направени за да се вклопат во сечиј животен стил, а и за да го збогатат со нови и модерни дигитални банкарски услуги. Притоа овозможуваат флексибилност и нудат одговорни и безгрижни лични финансии.

Секој КБ пакет може да го активирате со едноставно пополнување барање во најблиската експозитура на Комерцијална банка. Доколку немате сметка во Комерцијална банка, можете да ја отворите онлајн на лесен и брз начин со електронска идентификација преку OneID, а пакетот може да го активирате при подигање на дебитната картичка во избраната експозитура.

За да дознаете повеќе и да го изберете вашиот омилен КБ пакет, посетете го следниот линк.

Поврзани содржини