📽️ ПАК СЕ РАЗГОРУВА ТЕНЗИЈАТА МЕЃУ КИНА И ФИЛИПИНИТЕ Осум членови на филипинската морнарица повредени во инцидент
Повредените морнари биле спасени од еден од двата патролни брода на филипинската крајбрежна стража кои чекале на одредено растојание за да ја поддржат мисијата за снабдување. Двата гумени чамци со залихи биле одвлечени од персоналот на кинеската крајбрежна стража, а потоа биле напуштени откако биле оштетени и испразнети, велат Филипинците.
Најмалку осум членови на филипинската морнарица се повредени во судир со кинеската крајбрежна стража оваа недела, соопштија филипинските безбедносни претставници. Еден Филипинец го загуби палецот.
Филипинското Министерство за надворешни работи ги осуди „незаконските и агресивни“ акции на Кина, додавајќи дека „дијалог“ не може да се постигне доколку „зборовите на Кина не се совпаѓаат со нејзините постапки во водите“, пишува Гардијан.
Филипинците тврдат дека конфликтот избувнал додека тие доставувале храна и други намирници до воената станица на Вториот Томасов Шол во Јужното Кинеско Море. Во плиткото на бродот Сиера Мадре, се наоѓа мал контингент на филипинската морнарица, внимателно следен од кинеската крајбрежна стража и морнарицата.
Во последниве години, Кина сè повеќе инсистира на тврдењето дека има право на речиси целото Јужно Кинеско Море, што доведе до зголемен број на директни конфликти со другите земји во регионот, пред се со Филипините и Виетнам.
Двајца филипински безбедносни службеници запознаени со мисијата за снабдување изјавија дека два гумени чамци управувани од филипинската морнарица се приближиле до Сиера Мадре во понеделникот за да испорачаат нови резерви.
Chinese claims that the Philippines provoked the recent incident at Second Thomas Shoal are contradicted by a video showing three CCG ships harassing a small Filipino coastal craft. How is this a provocation by the Philippines? pic.twitter.com/TAte3M86wV
— Pivot Point PH (@pivotpointph) June 19, 2024
Тогаш наводно пристигнале членови на кинеската крајбрежна стража со глисери за да ја попречат мисијата, што резултирало со судир и тепачка. Најмалку осум Филипинци се повредени, вклучително и еден кој го загуби палецот, изјави еден од двајцата официјални лица, кој сакаше да остане анонимен поради наредбата да не разговараат јавно за конфликтот.
Петте повредени морнари биле спасени од еден од двата патролни брода на филипинската крајбрежна стража кои чекале на одредено растојание за да ја поддржат мисијата за снабдување. Двата гумени чамци со залихи биле одвлечени од персоналот на кинеската крајбрежна стража, а потоа биле напуштени откако биле оштетени и испразнети, велат Филипинците.
Кинеската крајбрежна стража даде поинаква верзија на настаните, истакнувајќи дека Филипините се „целосно одговорни за ова“. Кинезите тврдат дека филипинскиот брод „ги игнорирал повеќекратните предупредувања на Кина… и опасно се приближил до кинескиот брод на непрофесионален начин, што резултирало со судир“.
Кинеското Министерство за надворешни работи ги опиша постапките на кинеската крајбрежна стража како „професионални, воздржани, разумни и законски“. Како одговор на инцидентот, Соединетите Американски Држави предупредија дека се обврзани со договор да ги бранат Филипините.
Неколку други инциденти се случија во последниве месеци во близина на Вториот Томасов Шол, кој е на помалку од 370 километри од филипинскиот брег. Бродот Сиера Мадре беше намерно потопен таму во 1999 година за да се создаде територијална станица.
Иако е покриен со ‘рѓа, бродот сè уште е активен воен брод, што значи дека нападот врз него Филипините може да го сметаат за воен чин. Новиот кинески закон кој стапи на сила во саботата ја овластува крајбрежната стража да заплени странски бродови „кои нелегално влегуваат во територијалните води на Кина“ и да ги задржува членовите на екипажот до 60 дена.