Пак порасна бројот на пациенти со корона во болниците, предничат Скопје, Куманово, Охрид

Во болницата во Битола се хоспитализирани 88 пациенти, во Куманово 147, Охрид 100, Прилеп 116, Струмица 77...

674

Вкупната бројка на пациенти со корона вирусот кои се лекуваат во болниците во земјава е 1.577 и има околу 260 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 74 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 666 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.






Во последното деноноќие на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 20 примени пациенти, 10 биле примени на Инфективната клиника, четворица во Козле и 10 на Клиниката за детски болести.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 76 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 306 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 142 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 149 пациенти, во Козле има 40, на Детска клиника 11 деца, а на ГАК 9 позитивни пациентки.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Во Скопје утрово имало 80 слободни места.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 912 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 88 пациенти, во Штип 67, Тетово 36, Велес 70, Куманово 147, Охрид 100, Прилеп 116, Гостивар 41, Струга 18, Струмица 77, Кочани 34, Кичево 21, Кавадарци 71, Гевгелија 26.

Поврзани содржини