ПАК НЕМА ДА СЕ ЗНАЕ КОЈ ЈАДЕ, А КОЈ ПЛАЌА Владата го укина ограничувањето на гости на иста маса во угостителските објекти

Како што е наведено во владиното соопштение, донесена е одлука да се укине ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, каки во отворените, така и во затворените делови на овие угостителски објекти.

991

На денешната редовна 113-та седница, Владата одлучи да го укине ограничувањето на максимално дозволениот број гости седнати на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, како во отворените, така и во затворените делови на овие угостителски објекти.

„Дополнително е усвоена и измена на ограничувањето на исполнетоста на капацитетите на овие угостителски објекти, односно ограничувањето на бројот на гости во затворениот дел од објектот, како и во отворениот дел е до најмногу 50 отсто искористеност на капацитетот на објектите. За угостителските објекти за организирање прослави, веселби и свадби, остануваат во сила постојните мерки и протоколи“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини