ПАК МНОГУ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД Новозаразени 1.861 од 5.446 тестирања

470

Нови позитивни на ковид-19 во изминатите 24 часа има 1.861 од 5.446 тестови, оздравени се 7.273,  а починале 22 пациенти, најмладиот на 22 години. Пријавени се и уште 5 починати лица, најмладиот на 39 години, со датум на смрт од 17 до 25 јануари, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 242 реинфекции, од кои 1 е втора реинфекција.

Од вкупниот број на починати лица (27), 6 лица се целосно вакцинирани, а кај 24 се регистрирани коморбидитети.

Поврзани содржини