Пак ќе се виновни сиромашните што се греат на дрва

Поминаа три години откако властите рекоа дека „Проблемот не можи да се реши преку ноќ“. Изгледа уште не им е разденето, а то че се плаќа со човечки животи.

1,069

Зимава, како и другите претходни пак ќе сме жртви на 30 години криминал и корупција

Се ближи ноември и воздухот почнува да е загаден. Поминаа три години откако властите рекоа дека „Проблемот не можи да се реши преку ноќ“. Изгледа уште не им е разденето, а то че се плаќа со човечки животи. Хронично болни, деца, па и здрави ќе страдаат од корупцијата која дозволи да се гори пола отпад од Европа по депонии, да се неказниви големите загадувачи, сите паркови да станат згради, РЕК Битола да нема филтри… И пак ќе се виновни сиромапните што ќе се греат на дрва.






Оваа зима ќе страдаме и од систематското уништување на здравството, јавното на сметка на приватното. Се фрлија куп пари на глупости, кој стигна градеше, а болниците останаа руини. Приватните болници добија готов и квалитетен кадар спреман во државните па сега кој има нека се лечи.

Според сите статистики смртноста од Корона е тесно поврзана со загадениот воздух. Тој предизвикува други болести кои после ја отежнуваат состојбата на заболените. А и тие што ја прележале кај 70% се јавуваат оштетувања на белите дробови што значи и тепка зима за нив.

Ама ништо не се решава преку ноќ за три години.

(ФБ статус на авторот)

Поврзани содржини