🎥 ПАК Е ИСКРШЕНА СПОМЕН ПЛОЧАТА НА КАРПАЛАК Вандализмот е пријавен и кај меѓународната заедница

498

Министерството за одбрана соопшти дека најостро го осудува немилиот настан со оштетување на спомен плочата на загинатите бранители кај месноста Карпалак. Настанот е регистриран од надлежните служби на министерството уште во утринските часови, велат од Министерството за одбрана.

„Настанот веднаш е пријавен во Министерството за внатрешни работи, за превземање на соодветни мерки за идентификување на сторителите на овој немил чин. По соодветните дипломатски линии, случајот е пријавен и до меѓународната заедница. Министерството за одбрана веднаш превзема активности за поставување на нова спомен плоча и истата ќе биде поставена во најбрз можен временски рок“, информираат од МО.






Во поглед на поставување на спомен обележје на месноста Карпалак, Министерството за одбрана информира дека во изминатите 7 години превземени се иницијативи за поставување на спомен обележје кои не се во согласност со законската регулатива од оваа област.

„Имено не е земено предвид дека местото каде што е предвидено да се постави споменикот е заштитен појас каде може да се градат објекти во функција на автопатот и постојано се добивани негативни одговори од надлежните институции, односно се превземени активности за да не се направи апсолутно ништо“, додаваат од МО.

Министерството за одбрана во координација со надлежните институции ги разгледува сите законски можности за поставување на достојно спомен обележје.

Вчера, на одбележувањето на 23-годишнината од смртта на десетте бранители, заедничка делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата положија цвеќе на спомен плочата на бранителите кај месноста Карпалак. Во спомен на бранителите, во родниот град на македонските херои, Прилеп, беше оддадена почит и беа положени венци со свежо цвеќе пред комплексот Карпалак.

Десетмината прилепски бранители, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски ја платија највисоката цена и ги положија своите животи за својата татковина за зачувување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет, наведува МО.

 

Поврзани содржини