ПАК ДВОЦИФРЕНА БРОЈКА НА ЖРТВИ НА КОВИД 16 починати и 1.500 нови случаи

614

Направени се 5.693 тестови, а регистрирани се 1.500 нови случаи на ковид-19 во послледните 24 часа, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Во Скопје има 775  новозаразени, во Кавадарци 74, Битола 66, Куманово 60, Тетово 56, Велес 49, Гостивар 45, Прилеп 44, Охрид 42, Струмица 38, Кичево и Неготино по 32, Гевгелија 30, Кочани 28, Радовиш 22, Штип  18, Струга 11, Свети Николе и Дебар по 10, Крива Паланка и Богданци по 9, Валандово 8, Делчево 6,  Ресен 5, Демир Хисар 4, Виница, Пробиштип , Македонски Брод , Македонска Каменица , Демир Капија, Пехчево и Дојран по двајца и по еден нов случај во Берово, Кратово и во Крушево.






Од вкупниот број на позитивни (1.500), регистрирани се 195 реинфекции, а регистрирани сe 522 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (75г и 87г), Куманово (72г и 80г) и Тетово ( 80г и 89г), и по едно починато лице од Гостивар (62г), Демир Капија (73г), Прилеп (61г) и Струга (84г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 6 починати лица, Штип (1), Охрид (1), Кочани (1), Тетово (1), Скопје (1), и Кичево (1). Починатите се на возраст од 57г до 82г. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 13 јануари до 3 февруари.

Од вкупниот број на починати лица (n=16),  3 лица се целосно вакцинирани, а кај сите 16 лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 5.693 тестови преку: ИЈЗ-455, ЦЈЗ Скопје-110, ЦЈЗ Битола-106, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–6, ЦЈЗ Куманово-112, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-120, Авицена-223, Биотек-208, Систина-110, лабораторија Лаор-211, Синлаб-33, Ремедика-13, Плодност-34, Генеа-13, Никоб Лаб-481, ВФВ Медикал-106, Ели Медика-49, Ројал Медика–43, Спектра-ММ-27, Рапид Лаб–23, Жан Митрев Струмица–16, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-23, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.948.

Досега во земјата се направени вкупно 1.814.187 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 277.137, бројот на оздравени пациенти е 254.862, на починати е 8.549, а бројот на активни случаи изнесува 13.726.

Поврзани содржини