Словенечкиот претседател Борут Пахор кој престојува во дводневна официјална посета на Македонија, претпладнево во вила „Водно“ беше пречекан од претседателот Стево Пендаровски, со официјална церемонија и највисоки државни и воени почести.
Церемонијата почна со интонирање на словенечката и македонската химна.
Пахор и Пендаровски најпрво ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Република Словенија.
Потоа е предвидена заедничка прес-конференција