ПАХОР НА СТРАНА НА С МАКЕДОНИЈА И НА АЛБАНИЈА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ Ова прашање треба да остане приоритет на ЕУ

Словенечкиот претседател смета дека ситуацијата со почетокот на преговорите со С Македонија и со Албанија е многу позагрижувачка за ЕУ.

475
Европската Унија мора да ги почне преговорите со Северна Македонија и со Албанија. Ова прашање треба да остане приоритет на ЕУ и да се затвори што побргу, пораќа словнечекиот претседател Борут Бахор во обраќањето на Бледскиот стратешки форум.





– Проблемот веќе не е само политички. Ситуацијата стана многу позагрижувачка за ЕУ. Што направи
С Македонија за нејзината европерспектива – направи се, и уште повеќе, а што доби за возврат – ништо и уште помалку. Со ова кредибилитетот на ЕУ многу се наруши. Се обидувам да разберам дека проширувањето на ЕУ во моментов не е приоритет, имајќи ги предвид сите преблеми во ЕУ и попироко. Но сепак, верувам дека постигнувањето прогрес во преговорите со С Макеоднија и Албанија треба да остане приоритет и ова прашање да се затвори – нагласи Пахор.
Пахор, и претходно, на средбата со премиерот Зоран Заев одржана на маргините од форумот, го афирмира ставот дека Словенија го поддржува европско проширување со земјите од Западен Балкан и очекува, со посредство и поддршка на словенечкото претседателство, да се најде прифатливо решение за блокираниот процес за интеграција на Северна Македонија во ЕУ.
– Словенија и цела Европа поддржуваат решение на предизвиците меѓу Бугарија и Северна Македонија, а актуелното словенечкото претседателство е можност која треба да се искористи за наоѓање решение – истакнале Заев и Бахор.

 

Поврзани содржини