🎥 „ПАГАНИНИ НА ГИТАРАТА“ ЈА ВООДУШЕВИ БЕЛГРАДСКАТА ПУБЛИКА Младиот Марцин го покажа својот раскошен талент
Полјакот создава сосема нова дефиниција на гитарската музика, комбинирајќи ги најпознатите класични аранжмани, аранжмани на современи песни и свои авторски композиции. Ако досега не сте го слушнале и виделе, еве три негови изведби што ќе ве воодушеват и вас.
Со громогласен аплауз и со неколкуминутни овации, воодушевената публика 25. Гитар арт фестивал во Белград, синоќа го испратија неверојатниот Марцин.
По распродадените концерти и по огромниот успех на неговите турнеи во Америка, Јапонија, Канада и во Европа, белградската публика имаше можност да го слушне младиот полски гитарист, познат по неговите изведби за кои многумина велат дека се дури и контроверзни.
View this post on Instagram
Марцин ја отсвири Петтата симфонија на Бетовен, композиции од Лед Цепелин и повеќе оригинални композиции. Инаку, тој создава сосема нова дефиниција на гитарската музика, комбинирајќи ги најпознатите класични аранжмани, аранжмани на современи песни и свои авторски композиции.
„Ми беше здодевно на одмор кога имав 10 години, па татко ми ме пријави на часови по класична гитара. Тоа беше првата активност во мојот живот каде што се чувствував посебно. Ми се допадна да учам да свирам гитара. Се чувствував посебно.. Веднаш создадов свој стил на свирење на гитара, што е сосема природно за мене“, раскажал Марцин за Танјуг, не штедејќи комплименти и за фестивалот во Белград.
За тие што досега не го виделе младиот Марцин, еве три негови бравури со гитарата, по што на сите ќе вио стане јасно зошто ова момчќе го нарекуваат „Пагаини на гитарата“: