ПАФ ДИДИ НАПАДНАЛ И ПРИЈАТЕЛКА НА НЕГОВИТЕ ЌЕРКИ Девојчињата ја напуштаа судницата неколку пати во текот на судењето на музичкиот могул

Извори велат дека девојките се скршени и понижени, а инсајдери тврдат дека тие немале поим што се случува зад затворени врати. Сега кога вистината е откриена, нивниот свет е уништен.

712

Ќерките на Шон Комбс (Паф Диди), 19-годишнaта Ченс Комбс и 18-годишните близначки Д’Лила и Џеси Комбс, се најдоа во центарот на вниманието на медиумите за време на судењето на нивниот татко кога беа принудени да седат во судницата и да ги слушаат сите гадости поврзани со обвинувањата против музичкиот могул. Најновите извештаи сугерираа дека тој можеби ја преминал границата со тоа што се обидел да нападне и некој шокантно близок до нив… нивната пријателка.

Извори велат дека девојките се „скршени и понижени“, а инсајдери тврдат дека „тие немале поим што се случува зад затворени врати. Сега кога вистината е откриена, нивниот свет е уништен“.






Јавноста е бесна, индустријата е потресена, а луѓето се прашуваат – колку далеку бил спремен Диди да оди пред некој конечно да стави точка?

Претходно, девојките ја напуштиле судницата и за време на емотивното и шокантно сведочење на Кеси Вентура. Пред да излезат, сведочат присутните на судењето неговите ќерки биле видливо потресени, „едната се тресеше, а другата изгледаше целосно скршена. Но, не беа само тие. Целата судница беше во хаос. Луѓето излегоа плачејќи, новинарите се замрзнаа, дури и дел од обезбедувањето мораше да го сврти погледот“.

Паф Диди има и три сина: Квинси (34), Џастин (31) и Кристијан (27) и четири ќерки: Ченс (19), Џеси и Д’Лила (18) и двегодишната Лав.

Поврзани содржини