ПАФ ДЕДИ ГО МОЛИ СУДИЈАТА ЗА МИЛОСТ Еве го целото писмо од музичкиот могул обвинет за грозоморни злосторства
Пред изрекувањето на пресудата Шон Диди Комбс бара поблага казна на суд, извинувајќи се поради своето насилство и зависноста, велејќи дека се променил и сака шанса за опоравување
Музичкиот могул Шон „Диди“ Комбс испратил писмо до судијата Арун Субраманијан еден ден пред изрекувањето на пресудата, извинувајќи се за „целата болка и страдање“ што ги предизвикал и барајќи намалена казна, велејќи дека се променил откако отслужил казна во затвор во Бруклин.
Диди беше прогласен за виновен во јули по две точки од обвинението за проституција по речиси осумнеделно судење. Тој беше ослободен од посериозни обвиненија за криминален заговор и трговија со луѓе, но сепак се соочува со максимална казна од 20 години затвор.
Обвинителите бараат казна од најмалку 11 години, додека неговите адвокати бараат негово ослободување подоцна овој месец.
Извинување и признание на вината
Во писмо од четири страници, Диди признава дека неговото минато било обележано со насилство и зависност од дрога. Тој посебно ѝ се извинува на својата поранешна девојка Кеси:
– Целосно го изгубив разумот. Жал ми е поради тоа и секогаш ќе ми биде. Погрешив што кренав рака врз жената што ја сакав. Моето семејно насилство засекогаш ќе биде тежок товар.
Тој, исто така, му се извини на анонимниот сведок познат како „Џејн“ за време на судењето, наведувајќи дека бил „изгубен во дрогите и екцесите“.
– Го изгубив патот. Мојот пад беше вкоренет во себичноста. Сега сум понижен и скршен до срж.
Нова верзија од себе и посветеност на семејството
Диди пишувал за своето искуство за време на неговите 13 месеци во затвор и изјавил дека е целосно трезен за првпат по 25 години:
– Моравме да се погледнеме во огледало како никогаш порано. Мојата болка стана мој учител. Мојата тага стана моја мотивација. Мојот пад беше вкоренет во себичноста. Старата верзија од мене умре во затвор, а се роди нова верзија од мене.
Тој бара милост не само за себе, туку и за своите седум деца:
– Ужасно потфрлив како татко. Татко ми беше убиен кога имав 3 години, па знам како е да се живее без татко. Повеќе од сè, сакам шанса да се вратам дома и да бидам таткото што им е потребен и што го заслужуваат.
Диди нагласува дека не може да го промени минатото, но може да ја промени иднината:
– Ако ми дадете шанса, би сакал да ја споделам мојата приказна за да спречам барем едно лице да ги направи истите грешки што ги направив јас.
На крајот од писмото, Диди заклучува:
– Не го пишувам ова за да добијам сожалување или милост, ова е едноставно вистината за моето постоење. Ова искуство го промени мојот живот засекогаш и никогаш повеќе нема да извршам злосторство.