„ПАДОТ НА НАТСТРЕШНИЦАТА БЕШЕ ЧИН НА ТЕРОРИЗАМ“ Татко на загината жена во несреќата во Нови Сад поднесе кривична пријава против непознато лице

Таткото на загинатата жена со кривичната пријава доставил и одредени податоци до обвинителството за да ги поткрепи своите тврдења, по што Вишото јавно обвинителство во Белград оформи предмет.

261

Татко на загината жена, при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември лани, во вторникот поднел кривична пријава против непознато лице за сторено кривично дело „тероризам“.

По тој повод, како што соопшти Вишото јавно обвинителство во Белград, оштетениот поднел кривична пријава против неидентификувано лице за сторено кривично дело „тероризам“ бидејќи смета дека падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, на 1 ноември 2024 година, е чин на тероризам.






Ѓура Раца со кривичната пријава доставил и одредени податоци до обвинителството за да ги поткрепи своите тврдења, по што Вишото јавно обвинителство во Белград оформи предмет.

Поврзани содржини