Падот на БДП во тратиот квартал беше очекуван, вели Бектеши

Тој нагласи дека се покажува оти економските мерки на Владата даваат резултати.

194

Во третиот квартал од годинава имаме намалување на БДП од 3,3 отсто што е согласно очекувањата одстрана на Владатаи проекциите од Министерството за финансии, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Имајќи го во предвид трендот што се движи вонагорна линија очекувам дека ќе ги надминеме проекциите кои ги имавме за 2020 година и нема да имаме поголем пад на БДП од 4,5 отсто на годишно ниво. Падот би требало да се движиод 4,2 до 4,5 отсто – рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.






Тој нагласи дека се покажува оти економските мерки на Владата даваат резултати.

– Извештаите за туризмот, индустриското производство и извоот и увозот за октомври годинава покажуваат дека бројките одат само во нагорна линија. Очекуваме со завршувањето на пандемијата да имаме уште поголемо зголемување на БДП во 2021 година – потенцира Бектеши.

Поврзани содржини