ПАДНАЛЕ ОД 1.600 МЕТРИ Двајца планинари од Србија загинаа на Алпите

Планинарите во саботата утрината тргнале на планинарење, но откако достигнале висина од околу 1.600 метри, паднале и од тешките повреди починале на лице место.

476

Телата на двајца мажи од Србија во вторникот се пронајдени во областа на планината Триглав, која е дел од Јулиските Алпи во Словенија, при систематска проверка на теренот од страна на полициски хеликоптери, соопшти словенечката полиција,  пренесува порталот СТА.

Според досега собраните информации, станува збор за планинари на возраст од 33 и од 42 години. Тие во саботата утрината тргнале на планинарење, но откако достигнале висина од околу 1.600 метри, паднале и од тешките повреди починале на лице место.






Во спасувачката акција учествувала и Планинарската спасувачка служба на Словенија. Потрагата по двајцата планинари започнала во саботата, но траела многу време бидејќи екипите морале да пребаруваат голема површина бидејќи не знаеле каде отишле планинарите.

Полицијата соопшти дека ја продолжува истрагата.

Поврзани содржини