ПАДНАЛЕ НА ПОЛИГРАФСКИ ТЕСТОВИ ПА ПРИЗНAЛЕ ДЕКА КРЕИРАЛЕ СЛУЖБЕНИ БЕЛЕШКИ СО ЛАГИ Како внатрешната контрола го открила скандалот во АНБ?

Како што објавивме претходно, за бизнисменот Орце Камчев бил отворен предмет со лажна белешка од вработен во АНБ за наводни негови средби со претставници на бугарските разузнавачки служби.

3,054

Креаторите на службените белешки во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) признале дека пишувале лаги и измислици за повеќе јавни личности откако претходно паднале на полиграфски тестови, дознава Плусинфо.

Како што објавивме претходно, за бизнисменот Орце Камчев бил отворен предмет со лажна белешка од вработен во АНБ за наводни негови средби со претставници на бугарските разузнавачки служби.






За ова Камчев беше и во притвор. Авторот на таа белешка за време на внатрешната истрага признал дека се работи за лажна белешка и дека тоа го направил под притисок на неговите шефови, напиша порталот МКД.мк.

Група од десетина вработени на чело со Виктор Димовски, поранешен директор на АНБ и Јовче Ременски, поранешен висок раководител во Агенцијата, имале задача да откриваат непријателски елементи во државата чија цел била да ја урнат актуелната власт и биле против евроинтеграцијата на Македонија, односно биле против францускиот предлог.

АВТОРОТ НА БЕЛЕШКАТА ЗА ОРЦЕ КАМЧЕВ ПРИЗНАЛ ДЕКА ЈА НАПРАВИЛ ПОД ПРИТИСОК НА ШЕФОВИТЕ Оливер Спасовски, Драган Ковачки, Вилма Русковска биле на списокот за „обработка“

Жртва на лаги и на измислици во извештаите на АНБ, за кои бруи јавноста по обелоденувањето на наводите за масовни злоупотреби во тајната полиција во периодот од 2019 до 2024 година, бил и Христијан Илиевски (48), за кого денеска пишуваше Плусинфо.

Откако лани бил протеран од Хрватска, поради лажни белешки испратени од македонски службеници во АНБ до хрватската Сигурносно-обавештајна агенција (СОА), Илиевски  сега очекува да се дознае вистината.

По обелоденувањето на аферата во Македонија, Илиевски очекува да се открие и вистината дека службениците на СОА својата одлука да го прогласат за опасен по националната безбедност на Хрватска ја донеле водени од информации од нивните колеги од Македонија, од АНБ.

Тоа на Илиевски му станало јасно кога прочитал дека во информацијата на СОА е опишан како „член на криминална група во Македонија, односно припадник на транснационалниот организиран криминал и припадник на организирана криминална група која дејствува во Северна Македонија и на други подрачја на соседните држави, а таа група е поврзана со сторување најголеми казнени дела: убиства, криумчарење дрога, изнуди и разни облици на насилен криминал“. Врз основа на ваквиот „профил“ на Илиевски, судиите се убедиле дека самото негово присуство во Република Хрватска „имплицира сигурносен ризик“.

Ова е само почеток на одмотување на клопчето поврзано со незаконското работење на службеници во Агенцијата за национална безбедност. Сите докази се испратени во Јавното обвинителство од кое се очекува да започне квалитетна истрага во интерес на вистината и на професионалноста на тајната служба.

ВИЛИЈАМ СЕКЛ И ЈОВЧЕ РЕМЕНСКИ ГО НАМЕСТИЛЕ И „КРАЛОТ НА МЕСТЕНКИТЕ“ Христијан Илиевски протеран од Хрватска со лажни дојави од АНБ

Поврзани содржини