На улицата Миле Поп Јорданов во Скопје женско лице вчера паднало од висина од станбена зграда, а случајот бил пријавен во 16.12 часот во СВР Скопје, информира МВР.
„Илезено е на лице место и констатирано е дека се работи за лицето М.Ф.(27) од Кратово, со престој во Скопје, која била пронајдена почината што е констатирано од страна на Итната медицинска помош. По насоки на јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се наведува во полицискиот билтен.