ПАДНАЛА ОД 8. КАТ ДОДЕКА ГИ БРИШЕЛА ПРОЗОРЦИТЕ Загина полициска инспекторка во Крушевац, мајка на 3 деца
Според информациите во српските медиуми, несреќната жена била мајка на три деца и работела во општината Крушевац како сообраќаен инспектор.
Полициската инспекторка В.А. (46) загина денеска околу пладне во Крушевац при пад од зградата во која живее. Според неофицијални информации во српските медиуми, жената паднала додека ги бришела прозорците.
Станува збор за мајка на три деца која работела во општината Крушевац како сообраќаен инспектор.
Таа била член на Совет за безбедност во сообраќајот, а нејзина голема љубов било планинарењето кое го практикувала со години.
Полицијата врши увид на местото на настанот и ги испитува сите околности.