ПАДНАЛ ТАВАН ВО ГРАДИНКАТА „МАЈСКИ ЦВЕТ“ Среќа што немало деца внатре

Голема среќа што таванот паднал за викенд, кога градинката била празна, додава Милошоски.

1,156

Паднал таван во градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2, за време на викендот, објави на Фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој објави фотографии од руината.

„Среќа во несреќа е што во градинката Мајски цвет (Карпош, Тафталиџе 2) таванот паднал за викендов, кога немало дечиња, и нема повредени, ниту жртви. Но, одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има“, напиша Антонио Милошоски на Фејсбук.






Тој потсети дека имало дури пет активности при увидот во градбата и отворањето на оваа градинка.
„Имаше дури 5 настани, една со Заев и Богоев, па потоа Богоев и Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и Шахпаска заедно, сите настани со прес конференции како СДСМ квалитетно гради, и колку добро СДСМ се грижи за децата. И еве го резултатот. Голема среќа што таванот паднал за викенд, кога градинката била празна“, додава Милошоски.

Поврзани содржини