ПАДНАЛ ОД ПОКРИВОТ НА ВИКЕНДИЧКАТА Почина поранешниот пратеник Миле Андонов

2,518

Поранешениот пратеник од редовите на СДСМ, Миле Андонов, починал по пад од покрив на неговата викендичка на Осоговските Планини.

„Во 18 часот од итната медицинска помош било пријавено дека на планината Осогово М.А. роден 1962 година од Кочани додека работел на кровот од викендицата, паднал и починал на лице место. Од страна на итната медицинска помош била констатирана смрт, известен е јавен обвинител“, се наведува во соопштението на МВР.






Во три мандати, во периодот од 2008 до 2016 година, Андонов беше дел од пратеничката група на СДСМ. Како дипломиран економист, Андонов повеќе години водеше приватен бизнис во областа
на текстилството.

Од Андонов на социјалната мрежа Фејсбук се простија неговите сопартијци.

„Сочувство до семејството, роднините и пријателите на трагично починатиот Миле Андонов, наш почитуван другар и сопартиец. Андонов даде значен придонес во развојот на Кочани, но и во политичко-економскиот живот во земјата, како пратеник во Собранието од редовите на СДСМ, но и како силен поддржувач на реформските процеси, на прогресивните, социјалдемократски политики. Нека почива во мир“, напишаа од СДСМ.

 

Поврзани содржини