ПАДНАЛ МЕСТЕЈЌИ ЦЕРАДА НА КАМИОН Кавадарчанец се здобил со тешки повреди
Лицето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци, се вели во полицискиот билтен.
Кавадарчанец бил тешко повреден додека местел церада на камион „Сканија“, информирше денеска полицијата во Велес.
„Вчера во ОВР Неготино било пријавено дека околу 12 часот на улица Даме Груев во Неготино, Г.Ј.(63) од Кавадарци паднал од товарно возило „Сканија“ со кавадаречки регистарски ознаки, додека ја местел церадата. Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци“, се вели во полицискиот билтен.