ПАДНАЛ ДОДЕКА ВО СЕПТЕМВРИ БИЛ НА РИБОЛОВ Телото на рибарот е пронајдено во езерото „Козјак”

436

Во водите од езерото „Козјак” вчера во 09.30 часот било пронајдено телото на Б.Л.(55) од село Пополжани, кичевско, кој на 25 септември додека ловел риба, паднал во водите на езерото и се удавил.

 

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Македонски Брод, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

 

Поврзани содржини