ПАДНАА МАСКИТЕ И ВО ГРАДИНКИТЕ Се укинаа протоколите за ковид во предучилишните установи
Владата на редовната 42-ра седница ги прифатила предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести.
Престануваат да важат мерките и протоколите за заштита од ковид-19 во предучилишните установи, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Владата на редовната 42-ра седница ги прифатила предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести.
Согласно овие предлози, Владата донела заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување возрасни лица и лица со попреченост.