ПАДНА ВЛАДАТА ВО ЧЕШКА Премиерот Бабиш поднесе неотповиклива оставка
Бабиш ја поднесе оставката не лично, туку со писмо до претседателот. Тој ќе извршува должноста премиер додека опозициските партии не ја формираат својата договорена влада, кои го победија на парламентарните избори.
Падна владата во Чешка, а премиерот Андреј Бабиш денеска одлучи преку писмо да го извести за својата оставка претседателот Милош Земан. Со овој потег Бабиш избегна лично да ја достави оставката, што е традиција, а за да биде уште почудно, претседателот од вчера е на лекување поради хронично оштетување на црниот дроб, јавува ДојчеВеле.
Владата на чешкиот премиер Андреј Бабиш, по поразот од парламентарните избори, денеска си поднесе оставка. Сепак, тој ќе остане на функцијата додека новоформираната коалиција, која е составена од конзервативците, демохристијаните, либералите, Пиратската партија и СТАН, не формира влада.
– Го одржав ветувањето дека ќе бидеме рекордери во брзината на поднесувањето оставка на владата. Бевме поразени на избори и одиме во опозиција – рече Бабиш.
Кога претседателот Земан ќе оздрави и ќе ја прифати оставката, тој треба да ја задолжи владата во заминување да ги извршува своите должности до именување на новата влада, што се очекува да се случи во наредните недели.
Бабиш и неговите сојузници ги загубија изборите што се одржаа на 8 и 9 октомври од два блока на опозициски партии кои веќе се согласија да ја формираат следната влада, со Петар Фијала, лидерот на најсилната партија во петчлената коалиција, како потенцијален премиер.