Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја поздрави веста за падот на сирискиот претседател Башар ал Асад и рече дека Франција ќе остане посветена на безбедноста на сите на Блискиот Исток.
„Падна варварска држава. Конечно. Му оддавам почит на сирискиот народ, неговата храброст и трпение. Во овој момент на неизвесност, им посакувам мир, слобода и единство“, порача Макрон во објавата на X.