ПАДНА УШТЕ ЕДЕН МАФИЈАШ Наркобос од Македонија е уапсен на аеродромот во Женева
Според информациите, станува збор за македонски државјанин кој бил вмешан во организиран криминал. Европските власти веќе подолго време трагале по него, а конечно бил приведен при слетувањето на аеродромот во Женева.
На аеродромот во Женева е уапсен мафијашки бос кој бил баран низ цела Европа. Како што објавува порталот Блик, лицето било уапсено денеска, а потрагата по него траела со години.
Според информациите, станува збор за македонски државјанин кој бил вмешан во организиран криминал. Европските власти веќе подолго време трагале по него, а конечно бил приведен при слетувањето на аеродромот во Женева.
Швајцарската полиција соработувала со меѓународните безбедносни служби за да ја организира оваа акција. Засега не се откриваат дополнителни детали за неговите криминални активности, но се знае дека станува збор за сериозни обвиненија поврзани со организиран криминал.
Уапсениот ќе остане во притвор додека се подготвува неговата екстрадиција во земјата каде што е обвинет. Властите најавија дека во наредните денови ќе објават повеќе информации за случајот.