Падна „Тортура“: Мијалков и „алфите“ ослободени од обвинението за апсењето на Љубе Бошкоски

Судечкиот совет, како што образложи судијката Александра Ристеска донесе ваква одлука поради тоа што обвинителството не докажало дека е сторено кривичното дело мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

834

Судечкиот совет во случајот „Тортура“ денеска донесе пресуда со која ги ослободи од обвинение за апсењето на Љубе Бошкоски обвинетите Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК  и поранешните припадници на полициската единица „Алфа“.

Судечкиот совет, како што образложи судијката Александра Ристеска донесе ваква одлука поради тоа што обвинителството не докажало дека е сторено кривичното дело мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.






Освен Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО, беше осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување” од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ, обвинети беа и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“ помеѓу кои, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани. Сите тие се ослободуваат од обвинението со денешната пресуда.

Случајот „Тортура” го водеше судијката Александра Ристеска, а застапник на обвининението беше Љубомир Лапе.

Поврзани содржини