Падна шведската влада, Парламентот изгласа недоверба на премиерот

Агенцијата „АП“ наведува дека тој е првиот премиер на оваа скандинавска земја што е сменет во парламентот.

361

Шведскиот парламент во денес гласаше за смена на премиерот Стефан Лефвен, со изгласана недоверба, давајќи му на лидерот на социјалдемократите една недела или да си даде оставка и да му ја предаде работата на спикерот за да најде нова влада или да распише предвремени избори.

Националистичките шведски демократи ја искористија можноста да свикаат гласање во тектот на минатата недела, откако поранешната комунистичка партија Левица ја повлече поддршката за левоцентристичката влада поради несогласувања околу законот за домување, поточно за олеснување на контролата за утврдување на закупнини во новите згради.






Агенцијата „АП“ наведува дека тој е првиот премиер на оваа скандинавска земја што е сменет во парламентот.

Несигурната малцинска коалиција на Лефвен со Партијата на зелените се потпре во парламентот на поддршката на две мали партии на десниот центар и Партијата на левицата од тестните избори во 2018 година.

Бидејќи парламентот е во ќорсокак, не е јасно кому би можел да се обрати претседателот на собранието за формирање нова администрација, додека анкетите покажуваат дека блоковите на левиот и десниот центар се еднакви, што значи дека предвремени избори може да не донесе јасен исход.

Поврзани содржини