Падна првото запросување на Олимпијадата, мечувалката Марија Перез се омажи за тренерот (ВИДЕО)

Атлетичарката по завршувањето на првата рунда од нејзината трета Олимпијада одговараше на прашањата од новинарите, а нејзиниот тренер Лукас Саучедо се појави позади неа, клекна на колена, а во рацете држеше лист со натпис: „Дали ќе се омажиш за мене?“.

453

Аргентинската мечувалка Марија Белен Перез Морис го прифати бракот кој ѝ беше понуден од нејзиниот долгогодишен партнер, а воедно и тренер, пред телевизиските камери на Олимписките игри во понеделникот.

Атлетичарката по завршувањето на првата рунда од нејзината трета Олимпијада одговараше на прашањата од новинарите, а нејзиниот тренер Лукас Саучедо се појави позади неа, клекна на колена, а во рацете држеше лист со натпис: „Дали ќе се омажиш за мене?“.






– Кажи ми да, многу луѓе нè гледаат – рече Лукас.

Во 2010 година на светските шампионати во Париз, Саучедо се обиде да го постави истото прашање, но со далеку помалку среќа од овој пат. Тогаш таа го праша дали оваа постапка е шега, но 11 години подоцна, Марија кажа „да“.

– Занемев. Си реков „О, Боже мој“ – изјави Перез Морис, која е во врска со Саучедо цели 17 години.

Ова беше еден одличен крај на денот кој започна со пораз од Унгарката Ана Мартон со 15-12 во женско мечување.

Поврзани содржини