🎥 ПАДНА ОД ВЕЛОСИПЕДОТ И СЕ ОНЕСВЕСТИ Немил настан на Олимпијадата

При спуст со велосипедот, Лекомт изгубила рамнотежа и се струполила на земјата, при што изгубила свест на неколку моменти.

1,175

На денешната планинска велосипедска трка во женска категорија на Олимписките игри се случил немил настан.

Имено, француската велосипедистка Лоана Лекомт изгубила свест при пад од велосипедот на неколку километри до целта.






При спуст со велосипедот, Лекомт изгубила рамнотежа и се струполила на земјата, при што изгубила свест на неколку моменти.

Веднаш по несреќата Лекомт била изнесена од патеката на носилки и пренесена во болница, од каде што јавуваат дека нејзината состојба е стабилна.

Лекомт била една од фаворитките за освојување на златниот медал, но златото ѝ припадна на Французинката Полин Феран Прево.

Поврзани содржини