📽️ ПАДНА ОД ВЕЛОСИПЕД ИЗВИКУВАЈЌИ „ВУЧИЌ“ Баба го прекина молкот на протест во Франкфурт

Кармата деновиве работи со полна брзина, Падна сама, сама се уби, Па ова е хитот на денот, гласат дел од коментарите на социјалните мрежи.

1,055

Снимка од протест во Франкфурт во поддршка на студентските протести во Србија ги обиколи социјалните мрежи. На видеото може да се види жена која со велосипед поминува покрај демонстрантите и извикувајќи „Да живее Вучиќ“ за време на 15-минутниот молк за жртвите во Нови Сад.

По само неколку метри жената паѓа од велосипедот, а присутните се смеат. Некои од нив и ракоплескаат, додека жената си заминува.






„Кармата деновиве работи со полна брзина“, „Падна сама, сама се уби“, „Па ова е хитот на денот“, гласат дел од коментарите на социјалните мрежи.

 

Студентите во Србија протестираат и бараат да се објави целата документација во врска со падот на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад која предизвика трагедија.

Утрово во 10 часот започна 24-часовна блојкада на Автокоманда, една од најпрометните улици во Белград. На штрајкот се приклучија и медиуми, бројни синдикати, наставници, професори, лекари, адвокати, средношколци, земјоделци…

Студентите повеќе од два месеци блокрираат околку 60 факултети низ државата. Нова 24-часовна блокада е најавена за утре.

 

Поврзани содржини