🎥📷 ПАДНА КРАН ВО БЕЛГРАД, ЛЕТААТ КОНТЕЈНЕРИ, СРУШЕН СЕМАФОР СРЕД ЦЕНТАРОТ Силни ветришта ја погодија српската престолнина

Семафор во близина на „Београд на вода“ бил целосно оштетен од бурата. Инцидентот се случил на крстосницата на Булеварот Вудро Вилсон каде што семафорот бил искривен и скршен, а неговите делови биле расфрлани по коловозот – како што се гледа на фотографиите објавени на социјалните мрежи.

1,022

Моќен ветер зафати делови од Србија, вклучително и Белград, при што предизвика сериозни оштетувања и хаос на улиците на главниот град.

Градежен кран се урна поради силни ветришта кои довеле и до носење на контејнери по коловозите, што создаде дополнителен ризик за пешаците и возачите, објави српскиот портал Нова.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Се срушил и семафор во близина на „Београд на вода“ поради бурата, објави српски Телеграф.

Како што се наведува, станува збор за крстосницата на Булеварот Вудро Вилсон.

Делови од семафорот се расфрлани по коловозот, а тој е искривен и скршен, како што покажуваат фотографиите споделени на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Поврзани содржини