ПАДНА КРАН КАЈ СТАРАТА КАСАРНА ВО БИТОЛА Нема повредени, полицијата врши увид
Во 14.30 во СВР Битола пристигна пријава од граѓанин, а потоа и од уште неколку други граѓани кои забележале дека паднал кран на градилиште во поранешната касарна, по што увидна екипа веднаш излезе на терен, велат од битолската полиција.
Попладнево во 14.30 часот на градилиште во поранешната касарна во Битола падна градежен кран. Во незгодата нема повредени лица.
Портпаролката на СВР Битола Сања Стаматова вели дека случајот во СВР Битола го пријавил граѓанин, а веднаш потоа на терен излегла увидна екипа.
– Во 14.30 во СВР Битола пристигна пријава од граѓанин, а потоа и од уште неколку други граѓани кои забележале дека паднал кран на градилиште во поранешната касарна. Наши полициски службеници веднаш излегоа на терен, извршија увид и констатираа дека нема повредени лица, ниту пак има пријава за повредени лица во битолската клиничка болница. Според процедурата, вршиме утврдување на причините за пад на кранот – изјави Стаматова.
Поранешната касарна во Битола од поодамна е градилиште. Бројот на станбени објекти се зголемува и тој простор станува нов урбан дел на градот.