📽️ ПАДНА КИПОТ НА СЛОБОДАТА ВО ЈУЖЕН БРАЗИЛ Брзите ветрови рушат споменици
Синџирот стоковни куќи Хаван, кој е сопственик на репликата на Статуата на слободата, тврди дека споменикот бил технички исправен и најави дека ќе го истражи инцидентот. Невремето во Гваиба ги упали алармите во Бразил. Ветровите достигнуваат брзина од 90 километри на час.
Реплика на Статуата на слободата висока 24 метри пред стоковната куќа Хаван во градот Гваиба во јужен Бразил се урна во понеделникoт, 15 декември, поради налети на ветер што достигнуваа брзина од 80 до 90 километри на час. За среќа нема поврдени. Возилата во близина на статуата беа брзо преместени.
WATCH: Replica of the Statue of Liberty topples due to strong winds in Guaíba, Brazil pic.twitter.com/pMxN7KLu5y
— BNO News Live (@BNODesk) December 15, 2025
Областа била веднаш изолирана, а отстранувањето на остатоците започнало неколку часа подоцна. Синџирот на стоковни куќи Хаван, кој е сопственик на репликата на Статуата на слободата, тврди дека споменикот бил технички исправен и најави дека ќе го истражи инцидентот.
Во последниве денови, Рио Гранде до Сул и Дефеса Цивил издадоа предупредување за мобилни телефони за потенцијално опасни временски услови.