🎥ПАДНА ИЗРАЕЛСКИ БЛЕК ХОК Погледнете каков инцидент се случи на Западниот Брег

Инцидентот се случил при обид борбениот воен хеликоптер да биде пренесен со транспортен воен хеликоптер.

143

Израелски армиски хеликоптер се урна утрово во близина на станбени згради во областа Гуш Ецион на Западниот Брег, соопштија Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Снимките од местото на настанот покажуваат како хеликоптерот паѓа во близина на куќи.






Инцидентот се случил при обид борбениот воен хеликоптер да биде пренесен со транспортен воен хеликоптер.

Воениот хеликоптер претходно бил принуден да изврши итно слетување.

Според ИДФ, хеликоптерот Блек хок извршил итно слетување во вторникот, поради лоши временски услови.

За време на операцијата за пренос, ремените што го прицврстуваа воениот хелокоптер на долниот дел се олабавија, по што леталото падна.

Израелската војска потврди дека никој не е повреден, но инцидентот предизвика загриженост поради тоа пто леталото падна во близина до населените области.

По несреќата, командантот на израелските воздухопловни сили, генерал-мајор Томер Бар, нареди воен истражен комитет за да ги утврди околностите на дефектот на системот за влечење.

Поврзани содржини