ПАДНА ИНТЕРНЕТОТ, ПОПИСОТ ВО ПРЕКИН Попишувачите не можат да ја вклучат апликацијата
Операторите се известени и очекуваме во најкус период да биде решен проблемот и теренското попишување повторно да продолжи нормално да се одвива, вели директорот на Државниот завод за статистика.
Слаб е интернетот, имаме мал застој со пописот. Ова го изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, откако неколку попишувачи го алармирале дека не можат да ја вклучат апликацијата за пописот.
Според Симовски, апликацијата совршено функционира, но како што вели, постои глобален проблем со интернетот низ целата земја.
– Операторите се известени и очекуваме во најкус период да биде решен проблемот и теренското попишување повторно да продолжи нормално да се одвива – вели Симовски.
Тој повторно апелираше до граѓаните да ги дадат своите податоци во интерес на државата и нејзиниот развој, но водејќи сметка за заштитните мерки против ковид-19.