ПАДНА И ПРВИОТ СНЕГ На Попова Шапка и Маврово е формирана снежна покривка

Најмногу дожд падна во Пожаране и Тетово.

184

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Пожаране 34 литри на квадратен  метар, во Тетово 31, Маврови Анови 29, Крушево 27, Претор 22, Крива Паланка 17, Охрид 14, Прилеп 13, по 12 во Битола и Куманово, а 11 литри во Скопје.

Најстудено, пак, утрово е на Попова Шапка со -2, а најтопло во Струмица девет степени, информира УХМР.






Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови од снег. Во Маврово и на Попова Шапка се формира првата снежна покривка.

Утрово е променливо облачно, со слаб локален дожд, а во Тетово и Гевгелија има појава на магла со намалена видливост до 200 м. Дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

Поврзани содржини