ПАДНА ДОГОВОР ЗА СПАС НА ТИК-ТОК И ЗА ЦАРИНИТЕ? Трамп имал плоден трговски состанок со Кинезите

Информацијата за можен договор со Кина доаѓа во време кога Трамп најави и можни силни санкции за Русија по последните случувања на фронтот во Украина. На прес-конференција во Белата куќа тој за првпат ја нарече Русија агресор во војната.

286

„Големиот трговски состанок во Европа меѓу Соединетите Американски Држави и Кина помина многу добро! Наскоро ќе заврши. Постигнат е договор и за „одредена“ компанија што младите луѓе во нашата земја многу сакаат да ја спасат. Тие ќе бидат многу среќни! Ќе разговарам со претседателот Си (Џинпинг) во петок. Односот останува многу силен!!!“

Вака напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“. Дали алудираше на договор за статусот на кинеската социјална мрежа Тик-Ток во САД?

 






Информацијата за можен договор со Кина доаѓа во време кога Трамп најави можни силни санкции за Русија по последните случувања на фронтот во Украина. На прес-конференција во Белата куќа тој за првпат ја нарече Русија агресор во војната.

– 8.000 војници од двете страни загинале минатата недела. Повеќе од Русија, но кога сте агресор губите повеќе – рече Трамп.

Претходно, во објава на „Truth Social“ од 13 септември, Трамп најави дека услов за високите санкции за Русија се само ако сите земји-членки на НАТО престанат да купуваат руска нафта и колективно воведат царини до 100 проценти врз Кина.

Главната портпаролка на ЕУ, денеска му одговори на Трамп, дека Унијата работи на постепено откажување од руските фосилни горива и тоа го прави активно веќе неколку години од почетокот на војната во Украина, со многу јасен план.

Поврзани содржини