ПАДНА ДОГОВОР ЗА НОВАТА БУГАРСКА ВЛАДА Утре Радев ќе му го врачи мандатот на Петков

Договорот кој го потпишале четирите партии има околу 140 страници. Ова е најдеталниот коалициски договор за правење на влада во поновата бугарска историја.

643

Вечерва беше потпишан коалициски договор за нова бугарска влада меѓу лидерите на „Продолжуваме со промените“ со БСП, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“, со што се става крај на преговорите, а се очекува веќе утре, на претседателот Румен Радев да ѝ го предаде на партијата мандатот за кој собранието веројатно на вонредна седница ќе гласа во понеделник.

Коалицијата, која контролира 134 од 240 места во парламентот, ги вклучува и социјалистите, либералната коалиција, наречена Демократска Бугарија и „Има таков народ“, антиестаблишмент партија предводена од шоуменот Слави Трифонов.






– Договорот „ќе даде шанса оваа коалиција да биде здрава и да работи долго време“ – рече Кирил Петков од ПП.

Договорот кој го потпишале четирите партии има околу 140 страници. Ова е најдеталниот коалициски договор за правење на влада во поновата бугарска историја.

Поврзани содржини