ПАДНА ДОГОВОР, БРИТАНСКИ ЕКСПЕРТИ ЌЕ НÈ СОВЕТУВААТ ЗА БРЗАТА ЖЕЛЕЗНИЦА Договорот е дел од партнерството со Велика Британија

Со Договорот за соработка се воспоставува рамка со која страните ја потврдуваат својата подготвеност и посветеност да соработуваат преку споделување на експертиза, искуства, добра практика и научени поуки во поддршката на проектите на ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје, со посебен акцент на брзата железница, како и на товарниот железнички сообраќај, сигнални и контролни системи, надградба на инфраструктурата, депоата и железничкиот возен парк, соопшти Владата.

178

Владата на денешната 114. редовна седница ја разгледа и усвои информацијата за склучување на договор за соработка помеѓу Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Скопје и Јавното тело на Министерството за транспорт на Владата на Обединетото Кралство Кросрејл Интернешнал Лимитед.

Како што стои во соопштението на Владата, со Договорот за соработка се воспоставува рамка со која страните ја потврдуваат својата подготвеност и посветеност да соработуваат преку споделување на експертиза, искуства, добра практика и научени поуки во поддршката на проектите на ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје, со посебен акцент на брзата железница, како и на товарниот железнички сообраќај, сигнални и контролни системи, надградба на инфраструктурата, депоата и железничкиот возен парк.






„Договорот за соработка е во важност од 5 години со можност за продолжување од дополнителни 5 години. Овој Договор произлегува од досега воспоставената соработка помеѓу македонската Влада и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, во врска со партнерството за реализација на приоритетни инфраструктурни проекти“, се вели во соопштението.

На денешната седница, се додава во текстот, Владата ја разгледала информацијата за потребата од субвенционирање на филтри на оџаци на домаќинствата и ја задолжила Канцеларијата на претседателот на Владата во следниот период да подготви детална анализа која ќе ги предвиди условите, времетраењето и процедурата за објавување на оглас за субвенции на филтри за оџаци на домаќинствата кои користат греење со фосилни горива односно дрва.

Поврзани содржини