ПАДНА ЦЕНАТА НА РУСКАТА СУРОВА НАФТА Кремљ го впери прстот кон царините на Трамп

Според Блумберг, цената за суровата нафта на пристаништето Приморска на Балтикот изнесувала 52,76 долари за барел на 4 април, што е далеку под реперот од 70 долари за барел што се користи за планирањето на буџетот на Русија за 2025 година.

1,553

Кремљ внимателно ја следи ситуацијата со нафтените пазари која е исклучително турбулентна, напната и емотивно преоптоварена, изјави портпаролот Дмитриј Песков откако цената на руската сурова нафта падна.

Според Блумберг, цената за суровата нафта на пристаништето Приморска на Балтикот изнесувала 52,76 долари за барел на 4 април, што е далеку под реперот од 70 долари за барел што се користи за планирањето на буџетот на Русија за 2025 година.






За Песков цената опаднала поради одлуката на САД да воведат царини за повеќето земји во светот.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на телевизиски брифинг во Москва рече дека воведувањето царини покажува дека Вашингтон повеќе не се смета себеси за обврзан со нормите на меѓународното трговско право.

На списокот на царините на американскиот претседател Доналд Трамп за земјите од светот Русија беше изоставена. Сепак, САД наметнаа повеќе економски санкции за Москва од почетокот на војната во Украина.

Москва Тајмс пишува дека Русија „бара зближување со САД и се надева дека ќе обезбеди враќање на западните санкции“.

Приходите од нафта и гас сочинуваат една третина од државниот приход на Русија и сет клучен извор на финансирање на војната на Кремљ против Украина.

Претставници министерствата за надворешни работи на Русија и на САД во четврток, 10 април, во Истанбул ќе одржат нова трета рунда преговори. Песков не прецизираше за кои теми ќе разговараат руската и американската делегација.

 

 

Поврзани содржини