📽 ПАДНА АВИОН ВО БЕЛГИЈА, ИМА ЗАГИНАТИ Поради силниот ветер пилотот изгубил контрола над леталото

Пилотот не можел успешно да полета и удрил во паркиран автомобил покрај пистата, по што се запалил. Возачот на автомобилот успеал да излезе од возилото кое било затрупано во чад, спасувајќи си го животот во последен момент.

537

Две лица загинаа денеска во авионска несреќа во Белгија, објави Brussels Times, повикувајќи се на агенцијата Belga News.

Првите извештаи укажуваат дека се работи за авион со дозвола од Германија, а инцидентот се случил на 100 метри од пистата на Спа Малшамп.






Околу 9 часот пилотот се обидел да полета, но маневарот бил отежнат поради силниот ветер, пренесе RTBF.

Пилотот не можел успешно да полета и удрил во паркиран автомобил покрај пистата, по што се запалил. Возачот на автомобилот успеал да излезе од возилото кое било затрупано во чад, спасувајќи си го животот во последен момент.

 

 

Поврзани содржини