ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин
Српски државјанин паднал од карпа при спортски активности на непристапен терен кај Маркови Кули во Прилеп и се здобил со тешки повреди.
Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен кај Маркови Кули во Прилеп.
Инцидентот се случил на 10 април околу 18 часот, кога 39-годишниот Л.Л. паднал од карпа додека се движел низ карпестиот предел. По падот, тој бил пренесен во Општа болница Прилеп, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.
На местото на настанот излегла полициска екипа која извршила увид, а се утврдуваат околностите под кои дошло до несреќата.