ПАД ОД ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ Жена се здобила со тешки повреди откако паднала на кејот на Вардар
С.Д.(62) од Скопје паднала на велосипедската патека додека управувала електричен велосипед.
Преку билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР), дознаваме дека на 12.05.2022 во 20,30 часот било пријавено дека на велосипедската патека покрај кејот на река Вардар, С.Д.(62) од Скопје паднала на велосипедската патека додека управувала електричен велосипед.
Во ПЗУ „Систина“ на С.Д. ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, а извршен бил увид и од службени лица на СВР Скопје.