ПАД ОД 4,2% НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО ФЕВРУАРИ Енергетиката бележи рекорден пад од 17,2% на производството
Најголемо влијание врз падот на индустриското производство во преработувачката индустрија има намалувањето на производството во одделите - производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 13,5% и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 17,2% и производство на облека со 5,4%.
За 4,2% е намалено индустриското производство во февруари годинава во споредба со истиот месец од минатата година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Пад на производството е забележан во трите главни сектори. Во секторот „рударство и вадење камен“ падот е од 9,6%, во секторот „преработувачка индустрија“ од 1,9, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ од 17,2%.
Најголемо влијание врз падот на индустриското производство во преработувачката индустрија има намалувањето на производството во одделите – производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 13,5% и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 17,2% и производство на облека со 5,4%.
Пада на производството има и во одделите – производство на тутунски производи; на текстил; на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати; на производи од гума и производи од пластични маси; на метали; на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема; на машини и уреди, неспоменати на друго место; и на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи опаѓање кај „енергија“ за 19%, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 12% и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 6,9%, додека пораст има кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 0,2 и „капитални производи“ за 2,1%.
| II 2026 II 2025 |
I-II 2026 I-II 2025 |
II 2026 Ø 2025 |
II 2026 Ø 2021 |
|
|---|---|---|---|---|
| Вкупно | 95.8 | 94.7 | 94.8 | 93.5 |
| АЕ Енергија | 81.0 | 91.3 | 106.2 | 95.8 |
| АИ Интермедијарни производи, освен енергија | 100.2 | 98.2 | 91.6 | 89.1 |
| ББ Капитални производи | 102.1 | 98.7 | 105.1 | 117.6 |
| ЦД Трајни производи за широка потрошувачка | 88.0 | 88.7 | 101.0 | 112.0 |
| ЦН Нетрајни производи за широка потрошувачка | 93.1 | 90.7 | 86.6 | 82.6 |
| Б Рударство и вадење на камен | 90.4 | 95.9 | 88.2 | 81.2 |
| 05 Вадење на јаглен и лигнит | 72.8 | 91.0 | 78.6 | 56.5 |
| 07 Вадење на руди на метал | 89.3 | 89.3 | 92.3 | 84.4 |
| 08 Вадење на други руди и камен | 99.3 | 110.8 | 86.6 | 85.4 |
| В Преработувачка индустрија | 98.1 | 95.2 | 94.2 | 94.5 |
| 10 Производство на прехранбени производи | 102.0 | 101.2 | 87.7 | 82.8 |
| 11 Производство на пијалаци | 147.3 | 121.5 | 79.1 | 83.6 |
| 12 Производство на тутунски производи | 72.8 | 86.0 | 60.6 | 35.9 |
| 13 Производство на текстил | 91.8 | 87.2 | 96.5 | 100.4 |
| 14 Производство на облека | 94.6 | 88.2 | 105.8 | 78.6 |
| 15 Производство на кожа и слични производи од кожа | 99.4 | 97.1 | 94.6 | 78.7 |
| 16 Преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал |
105.8 | 112.5 | 64.8 | 85.2 |
| 17 Производство на хартија и производи од хартија |
115.1 | 107.6 | 110.5 | 92.9 |
| 18 Печатење и продукција на снимени медиуми (записи) |
75.0 | 79.9 | 71.5 | 70.2 |
| 20 Производство на хемикалии и хемиски производи |
108.2 | 101.8 | 85.2 | 83.9 |
| 21 Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати |
74.4 | 77.4 | 76.1 | 104.2 |
| 22 Производство на производи од гума и производи од пластични маси |
97.0 | 92.8 | 92.7 | 146.9 |
| 23 Производство на други неметални минерални производи |
115.0 | 110.4 | 88.9 | 105.1 |
| 24 Производство на метали | 81.1 | 81.7 | 84.1 | 48.7 |
| 25 Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема |
91.6 | 86.5 | 75.2 | 36.4 |
| 26 Производство на компјутерски, електронски и оптички производи |
138.3 | 124.8 | 149.3 | 95.6 |
| 27 Производство на електрична опрема | 103.9 | 100.3 | 98.8 | 114.7 |
| 28 Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место |
86.5 | 85.4 | 96.1 | 95.3 |
| 29 Производство на моторни возила, приколки и полуприколки |
105.2 | 101.3 | 109.1 | 135.5 |
| 30 Производство на останата опрема за транспорт |
73.7 | 72.6 | 80.5 | 93.0 |
| 31 Производство на мебел | 85.5 | 91.5 | 108.5 | 127.3 |
| 32 Останата производствена индустрија | 61.8 | 70.7 | 116.5 | 77.4 |
| 33 Поправка и инсталирање на машини и опрема | 102.8 | 101.9 | 95.1 | 177.0 |
| Г Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација |
82.8 | 92.5 | 110.8 | 104.4 |
| 35 Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација |
82.8 | 92.5 | 110.8 | 104.4 |