Пад на индустриското производство од 13,4 отсто во март
Индустриското производство во секторот „рударство и вадење на камен“ во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање од 10,8 отсто, во секторот „преработувачка индустрија“ има пад од 14,3, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ производството опаднало за 11,5 отсто.
Индустриското производство во март годинава е намалено за 13,4 отсто во споредба со истиот месец од претходната година, а за периодот јануари − март 2020 година е помало за 3,7 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во секторот „рударство и вадење на камен“ во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање од 10,8 отсто, во секторот „преработувачка индустрија“ има пад од 14,3, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ производството опаднало за 11,5 отсто.
Намалувањето на производството во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на пијалаци, на тутунски производи, на текстил, на облека, на други неметални минерални производи, на метали, на електрична опрема, на машини и уреди, неспомeнати на друго место и на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството бележи опаѓање кај „енергија“ за 12 отсто, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 11,9, „капитални производи“ за 20,1 отсто,„трајни производи за широка потрошувачка“ за 7,8 и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 11,1 отсто