Пациентот кој беше тргнат од респиратор бил лекуван со озон

652

Триесет и седумгодишниот пациент со ковид-19, кој вчера беше тргнат од респираторна машина во Градската општа болница „8 Септември“, е во добра здравствена состојба, изјави за МИА директорот на болницата, Христијан Костов.

Од почетокот на епидемијата, досега, ова е прв пациент од државава, кој поради влошена здравствена состојба 12 дена бил на респиратор, а сега веќе нема потреба од таква асистенција.






– Пациентот сам дише, зборува, свесен е. Веројатно така и ќе продолжи. Ако е во добра состојба уште 24 часа ќе биде преместен од Интензивна нега на Оддел. Пациентот неколку дена прима озонска терапија, има протокол на лекување и му даваат антибиотици и антиинфламаторни лекови – рече д-р Костов.

Тој посочи дека имаат уште тројца пациенти со ковид-19, кои се на респираторна машина и на кои им даваат терапија со озон. Засега, додаде д-р Костов, тие не даваат знаци дека може да бидат тргнати од респиратор.

Поврзани содржини