ПАЦИЕНТКАТА БОЛНА ОД КОВИД НЕ ПОЧИНА ПОРАДИ ЛЕКАРСКА ГРЕШКА Причината за смртта не е реновирањето на Инфективна, тврди Таравари

Според министерот за здравство, Арбен Таравари, пациентката на 48-години не починала поради нехоспитализирањето.

501

Министерот за здравство, Арбен Таравари, за пациентката која не била примена на Инфективна клиника, иако ималa Ковид, по што починала, рече дека „нема лекарска грешка, третирана е според протоколи“.

Според Таравари, пациентката на 48-години не починала поради нехоспитализирањето.






– Причината за смртта, сигурен сум дека не е реновирањето на Инфективна клиника. Се работи за случај со акутна леукемија. Тоа е сериозна болест која има обично лоша прогноза. Пациентката е третирана на Хематологија по сите протоколи. Пациентката е 47-годишна, во петта декада. И во меѓувреме е инфицирана од Сарс-Ков-2, што е нормално, го поминуваме сите, нормална инфекција. За пациентката е повикан и консултиран и инфектолог, и анестезиолог. Дадена е соодветна терапија. Треба да знаеме од што починала. Добила повторно терапија деновиве. Така што, дајте да добиеме дефинитивни податоци – рече Таравари.

Поврзани содржини