ПАЦИЕНТКА ОД ПСИХИЈАТРИЈА ИСПАДНАЛА ОД БОЛНИЧКО ВОЗИЛО Се здобила со тешки телесни повреди
Пациентката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола, наведено е во полицискиот билтен.
Ноќеска во 00.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на патен правец Демир Хисар – Битола, во близина на крстосница за с.Кутретино, 43-годишна пациентка на ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар испаднала од патничко моторно возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на болницата, кое го управувал И.Д.(34) од Демир Хисар, а сопатник била медицинска сестра во установата, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Притоа, пациентката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Демир Хисар“, наведено е во полицискиот билтен.